Самарџиски блескаше во значајната победа на Самсунспор

predrag

Поранешниот македонски репрезентативец, Предраг Самарџиски одигра значајна улога во победата на Самсунспор над Анадолу Баскет (81-71) во денешната средба од 23.коло во втората турска лига.

Ова беше дуел на две екипи кои се борат за опстанок, па така Самсунспор со триумфот му го препушти фенерот на табелата на денешниот противник. Домашниот тим одигра добро во првата и третата четвртина што се покажа како клучно за 5. сезонско славје во кое нашиот Самарџиски беше прв стрелец со 19 поени (победничката екипа), но воедно зад своето име собра 18 скокови, 2 асистенции, 2 блокади со што со 30 индексни поени беше најдобар поединец на дуелот.

Во следната рунда Пеџа и компанија му гостуваат на второпласираниот тим на табелата Сочар Спор.

Facebook Коментари