АБА лига
Самарџиев за поразот од Сутјеска: Се виде дека паднавме…
Работнички не се прослави во првиот меч во АБА2 лигата каде претрпе пораз од Сутјеска од 71:58.
На крајот центарци можат и да бидат задоволни од конечниот резултат со оглед на тоа што по 30 минути губеа и со 25 разлика (61:36), меѓутоа повеќе од јасно е дека ќе мора да се крене нивото на игра, ангажираност ако се сака да се дојде до подобри резултати во оваа конкуренција.
-Сутјеска заслужено победи, ние не бевме на висината на задачата. Одигравме една добра четвртина, но тоа е недоволно за да му парираш на овој искусен тим на Сутјеска. Се виде дека паднавме по излегувањето на Јовичиќ, во тој момент нашиот плејмејкер не одговори соодветно. Ни направија разлика и беше тешко да се вратиме.
-Се враќавме само во одредени секвенци со по два до четири поена. Се виде дека момците во последна четвртина, кога видоа дека напреварот е изгубен, како да се опуштија и почнаа да играат. Се гледа дека немаме големо искуство, се гледа дека сме млада екипа и пред се физички инфериорни во однос на гостинската екипа што прави разлика во АБА лигата. Ќе гледаме да се подобриме во следните натпревари и да го извлечеме поука од овој пораз, -истакна тренерот Горан Самарџиев.
Во второто коло поранешниот македонски шампион ќе се соочи со Војводина од Нови Сад.
-
Италија22 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Англија20 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија23 часа
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија16 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Шпанија22 часа
Араухо: Во клубот се изненадени од рехабилитацијата на тешката повреда
-
Шпанија14 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Свет17 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)