Поврзете се со нас

Македонија

Самарџиев: Пласманот во финалето за Еуро Никел е како титула

Објавено

на

Еуро Никел не успеа да добие ниту еден натпревар во финалната плејоф серија со МЗТ Скопје, но кавадарчани предводени од Горан Самарџиев одиграа квалитетни натпревари и можат да бидат горди со резултатот во веќе завршената сезона.

Тоа го истакна и тренерот Самарџиев во изјавата за интернет страницата на македонската кошаркарска федерација.

– Честитки за МЗТ за освоената титула, мислам дека ние заслужено стигнавме до финалето и го оправдавме епитетот на финалисти.

– Немаше да биде незаслужено ако победевме на некој натпревар, но на крајот одлучи подолгата клупа на противникот.

– Честитки за моите играчи кои изгинаа оваа сезона за Еуро Никел. Благодарност и до управата на клубот. Ќе гледаме да растеме како клуб, да бидеме уште подобри и се надевам дека не ја разочаравме кошаркарската јавност. Игравме убава кошарка, а така ќе биде и во иднина, – изјавил тренерот на финалистот во сезоната 2020/21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни