Поврзете се со нас

НБА

Сам против сите: Ленард најде решение против пет дефанзивци и донесе победа со звукот на сирената (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LAClippers

Кави Ленард е далеку од формата која му носеше шампионски титули и МВП трофеи во финалињата, но ѕвездата на Лос Анџелес Клиперс рано утрово потсети на своите најдобри изданија, и тоа во период кој беше клучен за неговиот тим.

Ленард беше дури четврти најдобар поентер на Клиперси во пресметката со Сакраменто, но кога дојде моментот на вистината, топката замина во негови раце.

Кави ја презема одговорноста и тргна сам против цела одбрана на Кингси, па иако беше опколен од пет играчи кои беа дефанзивно настроени, успеа да пронајде решение и да погоди со звукот на сирената.

Оваа мајсторија на Ленард донесе тесна победа за Клиперс по одиграно продолжение, а со тоа автоматски прерасна во вистински херој, без оглед на тоа што Дерозан, Лавин и Харден имаа повеќе постигнати поени.

Ленард го заврши мечот со 17 поени зад своето име, но поените во последната секунда донесоа триумф за неговиот тим од 111:110.

НБА резултати:

Њу Орлеанс – Мемфис 104:107
Филаделфија – Јута Џез 126:122
Милвоки – Кливленд 100:112
Минесота – Сан Антонио 141:124
Портланд – Детроит 112:119
ЛА Клиперс – Сакраменто 111:110пп

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни