Свет
„Салто-мортале“: Поранешен играч на Витезе се забил во карпи, неговата сопруга ја снимила смртта (Видео)

Шпанските медиумите минатата недела информираа дека млад маж трагично го загубил животот на 12-ти мај во близина на Мајорка, откако имал смртоносен пад од карпа висока 25 метри.
За жал, неколку дена подоцна стана познато дека станува збор за поранешен фудбалер на Витезе, 31-годишниот Мурад Лампрабат кој имал фатално „салто-мортале“ во водите во Шпанија.
Имено, поранешниот фудбалер на холандскиот прволигаш кој последно се занимавал со кик-бокс, погрешно ја проценил далечината и со скок од 25 метри се забил во подводни камења, и тоа пред очите на неговата сопруга и двете деца.
За да биде трагедијата уште поголема, неговата сопруга го снимила смртоносниот пад и истиот беше пренесен во јавноста, сето тоа како предупредување да не се преземаат непотребни ризици од луѓе кои не се занимаваат со ризични спортови.
Поради силината на ударот, поранешниот фудбалер се удавил во водата, па неговото безживотно тело било извлечено од нуркачи кои го пронашле на длабочина од 15 метри.
Vitesse heeft het droevige bericht ontvangen dat Mourad Lamrabatte is overleden. De voormalig aanvaller van Jong Vitesse is slechts 31 jaar geworden.
We wensen familie en vrienden veel sterkte en kracht toe 🙏 #Vitesse
— Vitesse (@MijnVitesse) May 13, 2022
-
Англијапред 22 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 14 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 15 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)
-
Германијапред 21 час
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 21 час
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)