Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ за непрепознатливиот Мане: Му се случува истото што ми се случи мене

Објавено

на

Садио Мане има доста скромен старт на авантурата во Германија и статистичарите почнаа да прават притисоци врз најголемото засилување на Баерн Минхен, кое засега ужива огромна доверба од раководството и најважните луѓе во клубот.

Врвот на германскиот великан верува дека големата ѕвезда која дојде од Ливерпул набрзо ќе ги прикаже перформансите на кои цела фудбалска јавност навикна во последните години, а легендарниот Хасан Салихамиџиќ направи една интересна споредба меѓу актуелната ситуација на Садио со онаа која ја имаше тој кога се пресели во Јувентус на слична возраст.

– На Садио се уште му е потребно малку време за да се адаптира на новата средина. Мора да се навикне на Бундеслигата и сите сме уверени дека набрзо ќе дојде до тоа. Јас добро знам како е да дојдете во нов тим, во нов град, во нова култура и во нова земја.

– Јас се приклучив на Јувентус кога имав 30 години и добро знам како е. Имав освоено се, Лигата на шампиони, Бундеслигата, но иако имате искуство, потребно е време да се навикнете на нова околина и средина.

– Му се случува истото што ми се случи мене, тој е во процес на адаптација и набрзо ќе го видиме најдоброто од него на теренот. Постојано зборувам со него, треба да се организира за Минхен да стане негов дом. Тој е на добар пат и сигурни сме дека ќе ни донесе многу уживања, – вели Брацо за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни