Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ за искрен заклучок по историскиот потоп каков што не се памети во Баерн цели 43 години

Објавено

на

Хасан Салихамиџиќ ја презема одговорноста да дава изјави пред германските новинари по историскиот потоп кој го доживеа Баерн Минхен во германскиот Куп, натпреварување во кое баварците втора година по ред се исфрлени во втората рунда.

Минатата година беа посрамотени од нисколигашот Кил, но вчерашниот пораз во дербито со Борусија Менхегладбах дефинитивно е далеку поболен, бидејќи беше изразен со неверојатна разлика во голови, но и во квалитет на теренот.

Иако Баерн играше со својот прв тим, Менхегладбах победи со неверојатни 5:0 и направи нешто што никој го нема направено цели 43 години, одосно стана првиот тим кој го победил германскиот великан со пет голови разлика по далечната 1978-ма година.

– Ова беше шокирачки, вистински шок за сите нас. Мора да бидам искрен, не добивме ниту еден дуел во првото полувреме, немаше никаква транзиција во играта. Имавме колективно помрачување и бевме комплетно надиграни од противникот.

– Пред да дојдеме на гостувањето, зборувавме за нивниот квалитет, зборувавме за се и тешко е да се објасни вакво издание од нашиот тим. Ова е несфатливо и тешко за објаснување, – порача Брацо кој вели дека отсуството на болниот Нагелсман не може да се поврзе со овој тежок пораз.

– Тоа е само глупав изговор. Сакаме тренерот да ни биде тука, но овој пораз нема никаква врска со тренерот. Тие водеа 3:0 по само 19 минути и ние не добивме ниту еден дуел. Исходот е реален, – заврши спортскиот директор на Баерн.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни