Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ со последната изјава стави голем знак прашалник врз иднината на еден играч на Баерн

Објавено

на

Баерн Минхен во текот на вчерашниот ден го промовираше фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане како ново засилување за клубот.

Офанзивецот ќе го носи дресот со број 10 со што и официјално се потврдува дека Фелипе Кутињо дефинитивно ќе се врати во редовите на Барселона по крајот на сезоната.

Меѓутоа, она што изненади многумина е и последната изјава на еден од првите луѓе во клубот, Хасан Салихамиџиќ.

Босанецот ги фалеше офанзивцитена клубот и случајно или намерно заборави да го спомне Иван Перишиќ за кој се шпекулираше дека ќе добие перманентен договор по солидната сезона која ја имаше во шампионот на Германија.

– Пресреќни сме што Лерој Стане стигна во Баерн .Тој е играч кој прави разлика на теренот и сигурно ќе не засили со својот квалитет.

– Со Гнабри, Коман и Лерој сега сме многу добро покриени на крилните позиции кои се клучни за нашата игра, -изјави Салихамиџиќ кој заборави да го спомене Перишиќ кој исто така делува по крилните позиции.

Хрватскиот интернационалец оваа сезона настапува како позајмен фудбалер од редовите на Интер, а на 30 одиграни средби постигна шест погодоци и запиша девет асистенции, што и не е така лошо за играч кој претежно влегуваше од клупата за резервни фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни