Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ со нешто појасен коментар за Левандоски: Средбата во Мајорка беше многу добра

Објавено

на

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ уште еднаш ја коментираше ситуацијата околу Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач се поврзува со трансфер во Барселона, а последните најави говорат дека каталонскиот клуб испратил нова подобрена понуда за неговите услуги.

Сепак, според Салихамиџиќ, во моментов е јасно дека Левандовски ќе остане во Баерн и дека на 12 јули ќе се приклучи на тимот на претсезонските подготовки.

– Дали Левандовски останува? Засега останува 100%. 12 јули е неговиот прв ден на работа, го очекувам да се појави со останатиот дел од тимот.

– Средбата во Мајорка со Роберт беше навистина добра. Двете страни ги објаснивме своите позиции, се помина добро, -изјави Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни