Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен изгледа нависитна моќно во Лигата на шампионите и победи на сите натпревари кои ги одигра до четвртфиналето, но сепак се добива впечток дека тимот на Јулијан Нагелсман не го покажува истиот фокус и не ја презентира истата желба на средбите во Бундеслигата.

Баварскиот гигант не престанува да киксира во домашното првенство оваа сезона, па по последниот пораз од Баер Леверкузен, повторно го испушти врвот и сега на прво место е Борусија.

Баерн вчера загуби на „Бај Арена“ кај Леверкузен откако првично поведе со 0:1, а тоа посебно го изиритира директорот Хасан Салихамиџиќ кој не штедеше критики за своите фудбалери.

– Ретко кога сум видел нешто волку лошо. Едноставно недостасуваше се, бевме наттрчани од тим кој играше во четврток и кој победи на тој меч. Бевме инфериорни во секој аспект, ова не е Баерн Минхен. Играчите беа мрзливи, губеа дуели, немаа менталитет. Овој тим е толку добар кога пристапува со вистинскиот менталитет од стартот, но исто толку лош кога не покажува менталитет. Не може да мислите дека ќе победите само поради вашиот менталитет, – изјави Салихамиџиќ, а се надоврза и Нагелсман.

– Честитки до Чаби Алонсо и Баер Леверкузен, тие заслужено победија. Бевме полош тим цели 80 минути, имавме добри 10 минути на крајот, но тоа е премалку. Ако не победиме против Борусија Дортмунд во дербито по паузата која следи, или ако загубиме, ќе останеме без титула. Борусија игра во страшна форма и мора да победиме, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни