Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ: Очекувајте различен Баерн по паузата

Објавено

на

Баерн Минхен влезе во неочекувана резултатска криза во домашното првенство и актуелната пауза ја дочека со негативна серија, која сериозно го зголеми притисокот над тренерот Јулијан Нагелсман.

Спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ смета дека Баерн сигурно ќе излезе од „тунелот“ и тоа веднаш по паузата, a веќе имал и состанок со тренерот на оваа тема.

– Со Јулијан зборувавме на повеќе актуелни теми во моментов, анализирајќи ги проблемите, но без да заборавиме дека Баерн претходно одигра неколку одлични натпревари, вклучувајќи ги и двете победи без примен гол во Лигата на шампионите.

– Сигурен сум дека по паузата ќе играме подобро, нашите фудбалери имаат менталитет на победници и поседуваат квалитет за такво нешто.

– Натпреварите со Баер, Плзен и Борусија Дортмунд се одлична можност да покажеме поинаков лик, а клучот е да бидеме поагресивни и да покажеме дека ја посакуваме победата, – изјавил Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни