Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ искритикува фудбалер на Баерн: Тоа е аматерски потег

Објавено

на

Баерн Минхен спасуваше бод на дуелот со Келн во Бундеслигата, со што дозволи ривалите да ја намалат негативата на врвот на табелата.

Додека тренерот Нагелсман мора да ги анализира проблемите во тимот на теренот, спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ јавно го прозва Серж Гнабри поради потег направен меѓу дуелите со РБ Лајпциг и Келн.

Гнабри минатата недела објави фотографии од Париз, каде бил дел од „Модната недела“, нешто што не му се допадна на раководството на Баерн.

– Тоа е аматерски потег и нешто што не ми се допаѓа.

– Баерн нема обврска да им налага на фудбалерите што да прават во слободните денови, но најчесто периодот без тренинзи се користи за одмор и подготовка за претстојниот натпревар, – изјавил Салихамиџиќ.

Гнабри го одигра само првото полувреме на дуелот со Келн кој заврши со резултат 1:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни