Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ го критикуваше Ројс, па доби одговор од Борусија Дортмунд

Објавено

на

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ јавно го нападна Марко Ројс, а не требаше да помине долго време пред да добие одговор од таборот на Борусија Дортмунд.

Салихамиџиќ му замери на Ројс што порано ја напуштил репрезентацијата, а неколку дена подоцна играл за својот тим. Ројс не патуваше со репрезентацијата во Исланд поради проблем со коленото.

– Иако не е моја работа, за мене е чудно некој да добие дозвола порано да го напушти националниот тим, а неколку дена подоцна да игра за својата екипа.

– Нашиот Гнабри остана до крај иако е повреден и сега веројатно нема да игра против Барселона. Ако сакаш да бидеш лидер треба да бидеш таму до крај, така прават Кимих, Нојер, Горецка и останатите, – изјавил претставникот на Баерн.

Одговор стигна од Борусија и тоа од спортскиот директор Михаел Цорк.

– Салихамиџиќ треба да се фокусира на работи поврзани со Баерн и да молчи за тоа што е поврзано со нашиот клуб. Не знам што се замислува, – изјавил Цорк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни