Лига на шампиони
Салихамиџиќ: Го добивме најсилниот противник, со нетрпение ги очекувам натпреварите

Денешната ждрепка во Нион ги спои Баерн Минхен и Манчестер Сити во четвртфиналната рунда во Лигата на шампионите, односно добивме битка на екипите кои имаат највисоки амбиции, да станат европски шампиони.
Ова значи дека не очекува вистински спектакл, два натпревари по кои за еден тим ќе заврши сонот. Баерн во претходната рунда веќе елиминираше еден тежок ривал во името на Пари Сен Жермен, па спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ со нетрпение ја очекува новата битка во која Пеп Гвардиола ќе се врати на „Алијанц Арена“.
-Сакам да играме против добри тимови. Таму нашите момци се многу фокусирани, ова е најдобриот пар. Ова е тежок ривал, според мое мислење најсилниот. Повторно е мало финале. По ПСЖ ова одново е тим кој има многу квалитет. Тие победија многу убедливо против Лајпциг. Повторно ќе го видиме Пеп Гвардиола. Со нетрпение ги очекувам натпреварите.
-Сити против Баерн е највозбудливиот судир во четвртфиналето. Ќе се претставиме на најдобар начин против најдобрите тимови. За навивачите, овие се исто така најважните моменти во сезоната. Ова е топ двојка. Со нетрпение ги очекувам натпреварите, -рече Салихамиџиќ кој говореше и за Ерлинг Халанд.
-Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Добро се справивме против ПСЖ, но Сити е уште подобар, -подвлече популарниот Брацо.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)