Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ дрско му возврати на директорот на Дортмунд: Биди тивок или ќе направам се…

Објавено

на

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се екипи кои се директни ривали за титулите во Германија, па одвреме навреме можеме да видиме директни препирки меѓу нив, а токму една таква во моментот е актуелна и тоа меѓу спортските директори на клубовите.

Хасан Салихамиџиќ јавно го нападна капитенот на „милионерите“ Марко Ројс затоа што порано ја напуштил репрезентацијата и потоа играл за клубот. Ова не им се допадна на луѓето во Борусија кои својот одговор го дадоа преку Михаел Цорк кој на популарниот Брацо му порача:

Салихамиџиќ го критикуваше Ројс, па доби одговор од Борусија Дортмунд

– Салихамиџиќ треба да се фокусира на работи поврзани со Баерн и да молчи за тоа што е поврзано со нашиот клуб. Не знам што се замислува, – изјавил Цорк.

На ова на дрзок начин пак возврати популарниот Брацо, одговор кој не личи на клуб како Баерн.

-Јас сум спортски директор на најголемиот клуб во Германија и моја одлука е за што ќе зборувам. Цорк треба да биде тивок или во спротивно ќе го ослабиме нивниот состав за да се осигураме дека тие никогаш повеќе не ја  освојат Бундеслигата, -порачал Хасан кој со ова сакаше да покаже сила дека Баерн може што сака да прави во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни