Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ: Баерн ќе го следи концептот на Сити и Ливерпул

Објавено

на

Хасан Салихамиџиќ доби позитивни оценки за трансферите реализирани во текот на овој преоден рок, дури и во ситуација кога Баерн Минхен се раздели со Роберт Левандовски.

Спортскиот директор на Баварците во последната изјава навестил дека неговиот клуб нема да ангажира класична замена за Полјакот и ќе го следи примерот на Ливерпул и Манчестер Сити.

– Тргнуваме во нова насока, клубови како Сити и Ливерпул играат без „деветка“ веќе неколку години.

– Имаме толку многу класа во офанзивниот дел, ретко кој располага со такви играчи. Сега работа на фудбалерите и тренерите да го искористат тоа, – изјавил Салихамиџиќ.

Популарниот Брацо имал коментар и за неверојатно активниот преоден рок во кој Баерн ангажираше повеќе ѕвезди.

– Не сме пронашле злато под нашата клупска база, ниту пак имаме сопственик кој постојано би ни праќал пари. Но, инвестициите во стадионот се покажуваат како важни, а имаме и стабилна продажба на билети, – изјавил Салихамиџиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни