Поврзете се со нас

Англија

Салиба го посочи најдобриот дефанзивец: Тој е газда во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Вилијам Салиба е клучен играч во системот на Микел Артета и незаменлив стартер во тимот на Арсенал, статус за кој се уште се нема изборено како француски репрезентативец.

Дидие Дешамп се уште им дава предност на Упамекано и Конате во почетните 11 и очекувано е со нив двајца да го започне Европското првенство, но Салиба се надева дека ќе се избори за промена, особено поради фактот што станува се погласен и на теренот.

Во интервјуто за „Лекип“, Салиба се обидува да објасни дека навистина созреал во последните две години, па покрај тоа што се истакнува со перформансите, се повеќе до израз доаѓале и неговите лидерски квалитети.

Салиба смета дека веќе е во топ три најдобри дефанзивци во Премиер лигата, односно блиску до нивото до играчот кој според него е најдобар од сите како стопер.

– Јас не бев човек кој многу зборува, но почнав да го правам тоа се повеќе. Правам прогрес и во тој правец и се развивам како лидер. Во одбраната на Арсенал јас сум еден од лидерите. Како стопер, имам еден добар пример во Прермиер лигата.

– Ван Дајк има голема аура, тој е пример за стопер. Тој е шефот, тој е газдата во Премиер лигата, тој командува на теренот. Може да почувствувате дека тој ги плаши напаѓачите, а јас почнувам да се чувствувам исто како него. Полека гледам дека напаѓачите имаат страв во очи кога одат кон мене и тоа дополнително ве смирува.

– Искрено, сметам дека веќе сум во топ три дефанзивци во Премиер лигата. Завршивме како најдобра одбрана во лигата и се сметам себеси за член од топ три најдобри дефанзивци во Англија, – заклучува Салиба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни