Салгадо: Перез подготвува нешто големо за следното лето

Real Madrid Present Andriy Lunin

Навивачите на Реал Мадрид тешко можеа да замислат дека во исто лето од клубот ќе си заминат Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, но „кралскиот клуб“ барем засега има солидни резултати и без овие две големи имиња во своите редови.

Поранешната ѕвезда на „кралскиот клуб“, Мичел Салгадо смета дека претседателот Флорентино Перез сигурно подготвува голем трансфер за следното лето.

– Сите зборуваа за тоа, но Реал не донесе голема ѕвезда како замена за Роналдо. Но, бидете сигурни, нешто се подготвува, знам дека Перез работи на тоа.

– Претпоставувам дека Реал ќе го доведе Нејмар или Мбапе, двајцата се под договор со ПСЖ, но нема да ме изненади ако еден од нив двајцата потпише за мадридскиот клуб.

– Мене лично повеќе ме изненади заминувањето на Зидан, но на Лопетеги засега добро му оди, – истакнал Салгадо.

Facebook Коментари