Поврзете се со нас

Италија

Салернитана во акција, Инѕаги ќе добие поранешна ѕвезда на Баерн Минхен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialUSS1919

Салернитана немаше среќа на последните неколку натпревари, раководството и тренерот Пипо Инѕаги тврдеа дека биле оштетени и од судиите, па сето тоа доведе до ситуација екипата да остане на дното на табелата во Серија А.

Шансите за опстанок не се загубени, па затоа раководството на клубот од Салерно работи напорно за да обезбеди и неколку засилувања за вториот дел од сезоната.

Директорот Валтер Сабатини започнал преговори со искусниот Џером Боатенг, фудбалер кој во моментов е без ангажман и сигурно би бил големо засилување за одбраната на Салернитана.

Поранешниот играч на Баерн Минхен и германски репрезентативец нема одиграно официјален натпревар од јуни, но веројатно брзо ќе се адаптира на новите услови и соиграчи, а тренерот Инѕаги ќе добие повеќе опции за својата одбрана.

Во моментов, Салернитана заостанува шест бодови зад Калјари, кој е првиот тим надвор од опасната зона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни