Поврзете се со нас

Италија

Салернитана го отпушти Ливерани, но не се одлучи за враќање на Инѕаги

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialUSS1919

Екипата на Салернитана е блиску до напуштање на Серија А и само чудо може да го спаси тимот од Салерно од испаѓање сезонава, а во меѓувреме клубот направи нова тренерска смена.

Фабио Ливерани не издржа долго на функцијата на која го замени Пипо Инѕаги, па денеска му е соопштено дека веќе нема да го води тимот во продолжението од сезоната.

Актуелната пауза ќе биде искористена за новиот тренер да ги наметне своите размислувања кај членовите на екипата, а изборот на раководството е Стефано Колантуано.

Колантуано извршуваше функција во младинската академија на Салернитана, па сега ќе се обиде да го искористи искуството за да ги консолидира редовите во сениорскиот тим.

Се работи за 61-годишен стручњак кој зад себе има над 200 натпревари како тренер во Серија А, а беше предводник на Салернитана и пред неколку години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни