Поврзете се со нас

Италија

Салернитана ангажираше уште еден искусен дефанзивец со големо искуство во Серија А

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialUSS1919

Раководството на Салернитана продолжи да го засилува тимот во пресрет на завршниот дел од сезоната, во обидот да му помогне на тренерот Пипо Инѕаги да обезбеди опстанок во Серија А.

„Скај Италија“ вечерва објави дека во Салерно ќе пристигне и Костас Манолас, фудбалер кој има сериозно искуство во италијанскиот шампионат и во моментов е без ангажман.

Грчкиот фудбалер потпишал шестмесечен договор, со можност за продолжување на истиот на уште една година, а неговото пристигнување ќе значи сериозно засилување на одбраната.

Манолас претходно настапуваше за Наполи и Рома, а последен клуб му беше Шарјах од Обединетите Арапски Емирати.

Претходно, Салернитана го ангажираше и Џером Боатенг, кој веќе дебитираше во новиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни