Салцбург во луди четири минути даде три гола и му ги „спакува куферите“ на Лацио, Ристовски и Спортинг се простија со победа од ЛЕ (Видео)

rb-salzburg

Ред Бул Салцбург го направи убедливо најголемото изненадување во четвртфиналните дуели во Лига Европа, откако оваа вечер на домашен терен успеа да направи чудо во ситуација кога изгледаше дека дуелот е решен.

Лацио имаше водство од 4:2 од првиот дуел и активен резултат од 1:1 до 71-та минута, а откако Луис Алберто промаши зицер за 1:2, следеше сурова казна од домаќинтие кои направија чудо во луди четири минути. Непосредно по утката на Алберто, Хаидара погоди за 2:1 за Салцбург во 72-та минута, Хи Чан зголеми на 3:1 во 74-та, а две минути подоцна погоди и Лајнер за нестварни 4:1 и огромен шок за гостите од Италија.

Лацио не успеа да се опорави од овој шок и до крајот не создаде ниту една посериозна шанса за да избори продолженија, па така остана без посакуваниот пласман во полуфиналето кој на 20 минути пред крајот на мечот изгледаше дека го има во свои раце.

Од другите натпревари, Марсеј успеа да слави со 5:2 против Лајпциг и го неутрализираше поразот од 1:0 во Германија, Арсенал одигра 2:2 на гостувањето во Русија кај ЦСКА за сигурен пласман меѓу четирите најдобро, а последниот патник во полуфиналаната фаза дојде од дуелот во Португалија каде Спортинг на нашиот Стефан Ристовски оствари пирова победа од 1:0 која не беше доволна за билет во наредната фаза со оглед поразот од 2:0 во Мадрид.

Facebook Коментари