Салцбург по втор пат подобар од Шкендија, тетовци ќе бараат шанса во ЛЕ (Видео)

ibraimi

Фудбалерите на Шкендија и втор пат загубија од австриски Салцбург во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

По поразот од  3-0 во Австрија вечерва избраниците на Ќатип Османи загубија со минилани 1-0 со погодокот на јапонскиот интернационалец Такуми Минамино во последните секунди од средната на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

emini

nafiu

Тетовци се обидоа на оваа средба да дојдат до поволен резултат, беа поконретни од ривалот и имаа повеќе удари, меѓутоа ниту еден од нив не заврши на вистинското место. Резултатот 0-0 беше активен се до 92 минута кога „црвено-црните“ направија катастрофална грешка, буквално му ја подарија топката на Минамино кој ја смести во голот на Захов.

Меѓутоа ова не значи крај на европските настапи за Шкендија, сега следи плеј-оф меч против победникот од дуелот меѓу Розенборг и Корк Сити, а евентуален триумф во таа битка ќе значи групна фаза во Лига Европа.

Facebook Коментари