Поврзете се со нас

Лига на нации

Салаи со мангупски гол ги збуни Германците, мајсторија на Распадори за победа на Италија (Видео)

Објавено

на

Унгарија потврди дека е најголемо изненадување во групата 3 во Лигата на нации, откако вечерва успеа да ја победи Германија на гостувањето во Лајпциг.

„Ред Бул“ арената сведочеше на мангупскиот гол кој го постигна Салаи во првото полувреме, погодок кој ги остави во бунило сите Германци на теренот и на трибините, вклучувајќи го и голманот Тер Штеген кој немаше одговор за оваа минијатура.

Капитенот на Унгарија изреагира генијално и со „штикла“ го надмудри сите германски фудбалери, а иако овој гол беше постигнат во 17-та минута, на крајот се покажа како клучен за голема победа.

Германија разочара со својата игра вечерва и покажа дека има многу работи за поправање пред Светското првенство, бидејќи со денешниот пораз и дефинитивно нема шанси за првото место во групата во Лигата на нации.

На вториот меч во оваа група, во репризата на финалето од Европското првенство, Италија ја победи Англија со 1:0, а стрелец на голот беше Распадори во 68-та минута. Израментиот меч беше одлучен со долго додавање на Бонучи, по кое Распдори имаше извонреден прием и уште подобра реализација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни