Лига на шампиони
Салах заврши со солзи во очите во последната европска ноќ на „Енфилд“ (Видео)

Мохамед Салах не можеше да направи голема разлика на двомечот против ПСЖ, иако вчера мора да се признае дека имаше и најмалку две колосални шанси кои можеа да му дадат сосема поинаков тек на осминафиналето.
Египќанецот најчесто беше извонредно чуван од целата дефанзивна четворка на „светците“, а и покрај тоа што беше максимално сигурен и точен во пенал рулетот, најдобриот голгетер на Ливерпул мораше да се соочи со разочарување.
ПСЖ го комплетираше големиот пресврт со победа во пенал рулетот благодарение на извонредниот Донарума, што автоматски значеше дека Салах нема да дочека нова шанса за втора титула во Лигата на шампиони.
Мо во неколку наврати најави дека ја игра последната сезона во Ливерпул, а вчера по се изгледа го одигра последниот натпревар во најелитното европско натпреварување.
Финишот од мечот донесе и многу емоции кај искусната ѕвезда на Ливерпул, која по последниот судиски свиреж и славјето на ПСЖ, беше уловена со солзи во очите додека ги отпоздравуваше своите фанови на „Енфилд“.
Mo Salah was left in tears following Liverpool’s exit in the Champions League 💔 pic.twitter.com/8Ophh3FvrB
— Football on TNT Sports (@footballontnt) March 11, 2025
Видеото погледнете го ТУКА
-
Формула 110 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија20 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони23 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија22 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Луд меч на Муричи во Шпанија: Си даде автогол, промаши пенал, па донесе победа за Мајорка во 97 минута (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)