Поврзете се со нас

Англија

Салах за шансите на Ливерпул за титула: Оваа сезона е поинаква

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Ливерпул не дозволи кикс против Лестер и ја зголеми предноста во однос на ривалите за шампионската титула во Премиер лигата, а првата ѕвезда Мохамед Салах смета дека неговиот тим прави чекори во вистинска насока, но тој и соиграчите мора да останат фокусирани на главната цел.

Египетскиот фудбалер имаше уште еден добар настап во пресвртот против „лисиците“, а по дуелот зборувал за шансите на Ливерпул да ја освои титулата во дебитантската сезона на менаџерот Арне Слот.

– Најважно е што продолжуваме да победуваме и се надевам дека тоа ќе донесе нова титула во Премиер лигата.

– Се фокусираме на секој следен натпревар и тоа не смее да се менува, јасно е дека оваа сезона чувството е поинакво, но мора да останеме скромни.

– Се надевам дека ќе ја освоиме титулата, тоа ќе биде голем успех за Ливерпул, – рекол Салах.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни