Поврзете се со нас

Англија

Салах за неговата пасија: Играм секој ден…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Мохамед Салах поради повреда некое време ќе биде отсутен од фудбалските терени и тоа дефинитивно е удар за Ливерпул кој вчера без неговите услуги загуби од Арсенал во дерби средбата во Премиер лигата.

Меѓутоа офанзивецот ќе мора да мине низ процесот на закрепнување, рехабилитација, а тоа значи дека ќе има поголем простор за неговата пасија, зависност, играње на шах.

-Зависник сум од шах! Јас играм буквално секој ден на интернет. Никогаш не го откривам моето име, но ставам некои бројки и потоа луѓето ме прашуваат дали сум Мо Салах. Јас велам дека сум, а потоа ми велат дека лажам, па и јас велам дека лажам, -вели напаѓачот и додава:

-Добар сум. Јас не сум Магнус Карлсен, но сум добар. Никој нема шанси против Магнус, но се надевам дека еден ден ќе играм против него, -вели Мо за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни