Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Салах со експресна реакција на Твитер откако го доби Реал за противник во финалето (Фото)

Објавено

на

Мохамед Салах се најде во центарот на вниманието веднаш по завршувањето на првиот полуфинален двомеч во Лигата на шампионите, бидејќи искрено и отворено го посака Реал Мадрид за свој ривал во финалето во Париз.

Ливерпул го елиминираше Вилјареал со втората победа на гостувањето во Шпанија и прв го чекираше својот билет за Стад де Франс, стадионот кој сега знаеме дека покрај на Англичаните, ќе биде домаќин и на најтрофејниот клуб во историјата на натпреварувањето.

Реал Мадрид направи чудесен пресврт вчера на „Сантијаго Бернабеу“ и на половина час пред полноќ го завери својот пласман во финалето, па така му ја исполни желбата на Салах кој очигледно е дека сака фудбалска одмазда.

Тоа може да се заклучи и од експресната објава која ја имаше напаѓачот на Ливерпул брзо по крајот на мечот на „Бернабеу“, бидејќи на социјалните мрежи нагласи дека има нерасчистени сметки со Реал, алудирајќи на поразот во финалето во 2018-та година.

– Имаме сметка за подмирување, – гласи објавата на Салах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни