Поврзете се со нас

Англија

Салах се враќа во Ливерпул, Клоп откри кој е планот

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Мохамед Салах заработи повреда носејќи го дресот на Египет на Купот на африканските нации, повреда која дојде во најлош можен момент за неговата селекција.

Првичните вести беа дека тој ќе го скокне третиот дуел во групата и првата нокаут рунда, односно дека потоа ќе биде достапен ако Египет биде жив во ова натпреварување. Меѓутоа прашање е дали пак напаѓачот ќе биде заедно со соиграчите за овој турнир затоа што тој се враќа назад во Ливерпул.

-Ако е фит пред финалето, тогаш веројатно ќе се врати, -порачал Клоп по што се огласија и од Египет.

-Египетската ФА објавува дека Салах ќе отпатува во Англија за да добие третман со надеж дека ќе и се приклучи на египетската репрезентација доколку се пласира во полуфиналето-

„Фараоните“ имаат освоено два бода во групата Б и се наоѓаат на второто место. Нивен последен ривал во оваа фаза им е селекцијата на  Зеленортски Острови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни