Поврзете се со нас

Англија

Салах се погрижи за пресврт, Ливерпул отиде на „плус осум“ пред големото дерби со Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

По новиот кикс на Манчестер Сити, се чинеше дека Ливерпул денеска ќе има лесна задача против најслабиот тим во лигата, но англиската елита уште еднаш ни покажа дека ниту една екипа не се предава така лесно.

Саутемптон му го загорчи животот на Ливерпул и го натера да го извади најдобриот арсенал на располагање, па откако направи клучни измени во вториот дел, Арне Слот успеа да го добие тоа што го посакуваше.

Ливерпул поведе во првото полувреме со голот на Собослаи по огромната грешка во потесната одбрана на Саутемптон, но „светците“ покажаа карактер и успеаја да направат пресврт против лидерот на табелата.

По еден сомнителен пенал, Армстронг успеа да ја спроведе одбиената топка во мрежата за 1:1, а домаќините ги шокираа фаворитите со гол за 2:1 на стартот на вториот дел.

Фернандес со својот гол го натера Ливерпул да брка резултат, односно го принуди Слот да ги става што побрзо во игра Луис Дијаз и МекАлистер.

Првиот промаши зицер при самото влегување во игра, но истото не важеше за Мо Салах кој одлично се снајде по една лоша проценка на голманот МекАрти.

Египќанецот израмни на 2:2, а потоа прерасна и во голем херој откако ја изведе најстрогата казна и прецизно реализираше за 2:3 од пенал во 83-та минута.

Ливерпул со овој пресврт отиде на „плус осум“ од Манчестер Сити како првопласиран на табелата, а посебно интересно е што следното коло ни носи директен дуел меѓу овие две екипи на „Енфилд Роуд“.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни