Салах сака да игра на Олимпијадата, Клоп ја објасни ситуацијата

salah-1

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се уште не донел одлука дали ќе му дозволи на Мохамед Салах да настапува на Олимпијадата во Токио.

На олимпискиот турнир настапуваат селекции до 23 години, но дозволено е да настапат тројца фудбалери над таа возраст, а Салах е во комбинација за настап во репрезентацијата на Египет.

Клоп е пред дилема дали да дозволи вакво нешто и вели дека му треба време да ја донесе одлуката.

– Дали сакам да загубам фудбалер за време на подготовките? Сигурно дека не, тоа е јасно.

– Но мора да се разгледаат повеќе работи и аспекти, ќе зборувам со Салах на оваа тема и со другите кои се инволвирани во носењето на конечната одлука, бидејќи треба да ги знаеме сите детали за термините и времето кое ќе отсуствува, – потенцира Клоп.

ФИФА потврди дека клубовите и натаму немаат обврска да ги ослободат фудбалерите кои имаат над 23 години за Олимписките игри, па одлуката е само на Ливерпул.

Facebook Коментари