Поврзете се со нас

Англија

Салах прави притисок Ливерпул да му дозволи настап на ЛОИ во Токио

Објавено

на

Мохамед Салах по секоја цена да ја предводи египетската репрезентација на Олимписките игри во Токио, а поради тоа ќе продолжи да врши притисок врз стручниот штаб предводен од Јирген Клоп.

Олимпискиот турнир не е дел од календарот на ФИФА и клубовите не се приморани да ги ослободат повиканите фудбалери, па во првиот обид Салах не доби зелено светло од Клоп.

Но, како што вели претседателот на Египетската федерација, Ахмед Мегахед, Салах не се откажал од остварување на олимпискиот сон.

– Ливерпул првично го одби барањето бидејќи не сакаат да го загубат Салах за почетокот на сезоната, а потоа и во јануари кога е Африканскиот куп на нации.

– Зборувавме со Салах и тој најави дека ќе направи уште еден обид да издејствува дозвола, па наредниве денови ќе ја знаеме конечната одлука, – изјавил Мегахед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни