Поврзете се со нас

Англија

Салах постави уникатен рекорд на „Итихад“: Сити доминираше, но….

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Мохамед Салах направи клучна разлика на големото дерби против Манчестер Сити и со гол и асистенција се погрижи за победа од 0:2, а учинокот до кој стигна на ова гостување направи да биде уникатен по една статистика.

Салах стигна до 25 голови и 16 асистенции од стартот на Премиер лигата и за првпат во историјата еден фудбалер учествувал во повеќе од 40 голови за својот тим во две натпреварувачки сезони (Мо такво нешто направи и во сезоната 2017/18), а бидејќи оваа сезона веќе урна низа рекорди во англиската елита, медиумите почнаа да се прашуваат дали Египќанецот ја игра најдобрата сезона во својата блескава кариера.

Напаѓачот на Ливерпул со голема сласт ја славеше победата над ривалот со кого со години се бореше за титула, но дури и во сезона во која разликата во квалитет е огромна, Салах призна дека неизмерно тешко е да се игра против тим на Пеп Гвардиола.

– Неверојатно е тешко да победите на ова место. Сити е многу тежок тим во било какви околности, имаат неверојатен менаџер и сите го знаеме тоа.

– Сити доминираше на теренот, мислам дека доминираат против било кој тим на овој терен. Сепак, на крајот се бројат головите, а ние успеавме да го добиеме овој натпревар. Овој тим четири пати во низа ја освои Премиер лигата и не смееме да заборавиме дека станува збор за неверојатна екипа, – изјави Салах.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни