Поврзете се со нас

Англија

Салах: Ова е моја последна сезона во Ливерпул, посакувам…

Објавено

на

foto: x.com/LFC

Мохамед Салах влезе во завршните шест месеци од договорот со премиерлигашот Ливерпул, тим за кој „лета“ во оваа сезона и е најзаслужен за одличните резултати како во Премиер лигата така и во Лигата на шампионите.

Тоа што му истекува договорот воопшто не е проблем за африканецот кој едноставно е незадржлив во тековнава кампања, дава голови, асистира, постојано е опасност за противничките одбрани. Салах се надева дека ќе ја задржи оваа форма и ќе може да помогне да се дојде до пехарот во Англија за да може на најдобар начин да се збогува со великанот и навивачите.

-Првото нешто што беше на списокот беше да ја освоиме Премиер лигата со Ливерпул. Во моите интервјуа во последните седум или осум години, секогаш велам [сакам да ја освојам] Лигата на шампионите. Но, ова е прв пат да кажам дека навистина сакам да ја освојам Премиер лигата со Ливерпул.

-Не знам зошто е така. Веројатно затоа што не ја прославивме победата на начинот на кој сакавме, а исто така, враќајќи се и овде, ова ми е последна година во клубот, па сакаш да направиш нешто посебно за градот. Тоа беше во мојата глава. Таа титула ја чекавме околу 30 години. Така за да ја освоиме и тоа беше пандемијата во тоа време, немавме навистина време да го прославиме на вистински начин. Не е убаво да се направи, па се надеваме дека ќе го направиме тоа оваа година, -истакна Салах кој запрашан за тоа дали навистина верува дека ова му е последна година во клубот, тој порача:

-Засега да, ова се последните шест месеци. Нема напредок, далеку сме од било каков напредок. Значи, само треба да почекаме и да видиме, -порача Мо за „Скај Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни