Поврзете се со нас

Англија

Салах: Ова е голема победа, знаеме како се освојува Премиер лигата

Објавено

на

Екипата на Ливерпул доминираше на дербито со Манчестер Јунајтед каде оствари убедлива победа од 5-0.

Овој резултат уште долго ќе се врти, памети затоа што ретко кој тим може на ваков начин да го понижи Јунајтед на негов дом на „Олд Трафорд“. Еден од најзаслужните за победата беше Мохамед Салах кој ја потврди извонредната форма со хет-трик со што стигна до бројката од 10 погодоци во шампионатот во актуелнава кампања.

Напаѓачот беше среќен поради триумфот над големиот ривал, но воедно не заборави да потенцира дека ова се само три бода и дека престојат уште многу битки за да се оствари посакуваната цел-тоа е титулата.

-Знаеме што е потребно за да се освои Премиер лигата, тоа го направивме пред две години.Ова е голема победа, ама освоивме само три бода. Мораме да победуваме на секој меч за да бидеме шампиони, -порача репрезентативецот на Египет кој воедно стана прв играч со постигнат хет-трик на „Театарот на соништата“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни