Поврзете се со нас

Англија

Салах откри како дознал за одлуката на Клоп: Тоа беше голем шок

Објавено

на

Одлуката на Јирген Клоп да ја заврши соработката со Ливерпул по крајот на оваа сезона предизвика големо изненадување и кај фудбалерите на оваа екипа, а веста била шок и за првата ѕвезда Мохамед Салах.

Изминатиот период најмногу шпекулации за заминување беа поврзани токму со египетскиот репрезентативец, но Клоп сега е во центарот на вниманието откако ја објави одлуката среде сезона.

Салах открил како дознал за информацијата и признал дека првично мислел дека капитен Вирџил ван Дајк се шегува со него.

– Беше чуден ден, бидејќи имавме закажано состанок во 10:30 часот, а тоа не е вообичаен термин за таа активност.

– Го видов агентот на Клоп и си помислив дека е тука затоа што Јирген го продолжил договорот со клубот. Пет минути пред состанокот Ван Дајк ми пристапи и ми кажа што се случува. Два пати го прашав дали е сериозен, а тој ми потврди иако не знаеше да ја наведе причината, за неколку минути подоцна менаџерот да ни ја соопшти веста на сите.

– Беше многу чудно, бидејќи не бевме подготвени за такво сценарио. Никој не предвидуваше такво нешто, немаше написи во медиумите, ни менаџерот ни немаше навестено. За нас беше многу чуден ден, но фудбалот е таков, – открил Салах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни