Англија
Салах откри до каде се преговорите со Ливерпул за новиот договор: Не сакам…
Мохамед Салах игра во извонредна форма во актуелнава сезона и е најзаслужен што Ливерпул блеска во Премиер лигата каде е прв стрелец и најдобар асистент (17+13), а квалитетен учинок има и во Лигата на шампионите каде „црвените“ играат без грешка во досегашниот тек на кампањата.
Овие изданија на африканецот доаѓаат во ситуација кога е во последната година од договорот, последните месеци, односно веќе од јануари е во позиција да преговара со сите клубови кои го посакуваат и може да потпише преддоговор со нив.
Ливерпул засега не успеава да пронајде заеднички јазик со играчот за продолжување на соработката, поточно двете страни по се изгледа имаат доста различни ставови, барање и понуда што може да се заклучи по последната изјава на Салах.
-Не, далеку сме од тоа. Не сакам да ставам нешто во медиумите и луѓето да почнат да кажуваат работи, но ништо не е придвижено, ама засега сум фокусиран на тимот и се надевам дека ќе ја освоиме Премиер лигата, -порача Мо.
Лидерот во Премиер лигата има уште двајца клучи играчи чии договори им завршуваат на 30 јуни-Вирџил Ван Дајк и Трент Александер Арнолд.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија16 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија14 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
Англија5 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
„Ламбрета магија“ на „Ла Росаледа“: Играч на Депортиво го изведе дриблингот кој не му успева на Винисиус (Видео)