Салах нема дилеми: Ова е најважно!

mo-firmino-cembrlen

Брзоногиот напаѓач од Египет и член на премиерлигашот Ливерпул, Мохамед Салах игра извонредно во актуелната натпреварувачка кампања и е во игра за сите индивидуални признанија.

Тој има постигнато 40 голови во сите натпреварувања, па токму поради тоа е во центарот на јавноста и во најтесниот круг како за признанието за играч на година во Премиер лигата, Златната копачка… Ама овие негови бројки и можни индивидуални награди Салах би ги заменил за една работа-трофеј во Лигата на шампионите.

-Ако морам да бирам тогаш секако е Лигата на шампионите. Немам сомнеж-Лигата на шампионите. Да се освои ЛШ е важно за секого, другото не ме интересира, порача Салах.

Facebook Коментари