Поврзете се со нас

Англија

Салах најави заминување од Ливерпул: Разочаран сум…

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Мохамед Салах одигра клучна улога во уште една победа на Ливерпул и тоа против Саутемптон каде со неговите два гола во вториот дел му донесе пресврт и славје на лидерот на табелата со 3-2.

Со ова интернационалецот од Египет само потврди дека е во одлична форма, ритам, но по се изгледа клубот, управатат засега тоа не го цени затоа што калкулира со неговата иднина. Имено Салах е веќе во последните месеци од договорот со премиерлигашот и веќе од јануари може да потпише преддоговор со некој друг клуб, поточно да се пресели во истиот без никаква оштета.

Тоа што е позагрижувачки е што „црвените“ не покажуваат иницијатива, му немаат понудено продолжување на соработката, нешто за што Мо неочекувано се реши јавно да проговори притоа порачувајќи дека во моментов е пореално да си замине од сегашната средина во 2025 година.

-Па веќе сме скоро во декември и сè уште не сум добил понуди да останам во клубот, па веројатно сум повеќе надвор отколку внатре. Знаето сум во клубот со години. Не постои ваков клуб. Но, на крајот тоа не е во мои раце. Како што кажав претходно, декември е и сè уште не сум добил ништо за мојата иднина.

-Ги сакам навивачите. Навивачите ме сакаат. На крајот не е во мои раце или во рацете на навивачите. Да почекаме и да видиме. Нема да се пензионирам наскоро, затоа само играм, фокусирајќи се на сезоната и се обидувам да ја освојам Премиер лигата и се надевам и Лигата на шампионите. Разочаран сум, но ќе видиме.

-Јас сум многу професионален. Секој може да ја види мојата работна етика. Само се обидувам да уживам во мојот фудбал и ќе играм на врвно ниво што подолго. Давам се од себе бидејќи таков сум и се трудам да дадам се за себе и за клубот. Ќе видиме што ќе се случи понатаму, -порача јасно и директно напаѓачот кој од 2017 година настапува за англискиот великан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни