Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Салах му подели неверојатен комплимент на Наполи и испрати еден тактички совет до Клоп

Објавено

на

Мохамед Салах беше стрелец на првиот гол на вчерашниот меч меѓу Ливерпул и Наполи, кој воедно беше активен до самата завршница од мечот кога во слични услови, во листата на стрелците се запиша и Даврин Нуњез.

Два корнери на Ливерпул се покажаа како клучни за победата на англискиот тим, кој иако многу поискусен во Лигата на шампионите, имаше многу проблеми со разиграниот тим на Лучијано Спалети.

Наполи создаде неколку добри прилики, на Остигард му беше поништен гол, па многу лесно можеше да видиме и друг резултат на семафорот, за што е свесен и Салах кој пак не штедеше комплименти за лидерот во Серија А.

– Тоа што победивме еден од најдобрите тимови во светот во овој момент е добар знак за нас. Секогаш е добро чувство кога ќе победите против вака силен тим како Наполи. Мора да продолжиме напред, не сме добри во домашното првенство и се надевам дека овој триумф ќе не врати на вистинскиот пат, – изјави Салах, кој имаше тактички совет и за Јирген Клоп кој оваа сезона не секогаш го играше на неговата природна позиција, на десната страна во нападот.

– Тактиката не е моја работа, тоа е работа на менаџерот. Ќе играм на секоја позиција на која тој ќе побара, но јасно е дека на крилната десна позиција играм пет-шест години и мора да кажам дека тоа е најдобрата позиција за мене. Сепак, јас не сум менаџер, менаџерот одлучува за тактика, а јас како играч секогаш го следам лидерот, – изјави Салах кој на мечот со Наполи играше на природната позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни