Лига на шампиони
Салах: Ливерпул повеќе ја заслужи титулата во ЛШ, но наидовме на една голема пречка!

Мохамед Салах мораше да се помири со ново големо разочарување во едно финале против Реал Мадрид, бидејќи по болната ноќ во Киев, се соочи со слични сценарио и на крајот на месец мај во Париз.
Реал Мадрид го победи Ливерпул со 1:0 во едно тесно финале во кое ја искористи својата најголема шанса, додека од друга страна, англискиот претставник не реализираше многу прилики, од кои две-три стопроцентни беа токму на Мо Салах.
Египќанецот ги загуби сите дуели со Куртоа, па иако фудбалски се закануваше дека тој и соиграчите ќе режираат одмазда против Реал, на крајот мораше со наведната глава да го напушти „Стад де Франс“.
– Ливерпул заслужи да победи, ние повеќе ја заслужувавме победата, имавме повеќе шанси за гол, од кои две или три големи беа мои. Но, секојпат наидувавме на една голема пречка, Тибо Куртоа имаше неверојатни одбрани.
– Тоа е негова работа и Реал затоа го доведе во своите редови. Тој заслужи да биде играч на мечот, тоа едноставно беше негова ноќ во Париз, – вели Салах во интервјуто за „Лекип“, во кое вели дека гледа и една утеха во поразот.
По болниот пораз во 2018-та година од Реал, Ливерпул наредната година славеше во Лигата на шампионите, сценарио на кое сега повторно се надева Салах.
– Јас секогаш црпам инспирација од минатото. Во 2018та година загубивме во финалето и тоа исто беше од Реал Мадрид, а наредната година станавме европски шампиони. Сега повторно целам на тоа. Не смееме да гледаме назад и да се жалиме, мора да продолжиме напред, – завршува Салах.
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 21 час
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)