Поврзете се со нас

Англија

Салах конечно проговори за својата иднина во Ливерпул: Не е се во мои раце

Објавено

на

Египетскиот фудбалер од редовите на Ливерпул, Мохамед Салах има уште две години од неговиот актуелен договор со клубот од „Енфилд“, а се почесто тема на шпекулации во јавноста е продолжувањето на неговата соработка со клубот.

Популарниот Мо, во пресрет на натпреварот со Манчестер Јунајтед конечно јасно прозборе за својата иднина нагласувајќи дека ако тој се прашува, никогаш не би заминал од Ливерпул.

– Ако ме прашате, би сакал да останам до последниот ден од мојата фудбалска кариера, но не можам да зборувам многу за тоа, не е се во мои раце. Се зависи од клубот, не од мене.

– Во овој момент, не можам да се видам да играм против Ливерпул, тоа ќе ме направи тажен. Тешко е, не сакам да зборувам за тоа, но навистина ќе бидам тажен, но да видиме што ќе донесе иднината, -изјави Салах во интервју за „Скај Спортс“.

Египетскиот репрезентативец на одличен начин ја започна новата сезона во која на 11 натпревари во сите конкуренции постигна 12 погодоци и запиша четири асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни