Салах: Јунајтед ни откина два бода само поради една причина (Видео)

salah-nasmevka

Денеска се одиграа дури осум натпревари од 23-то коло во Премиер лигата, а како што е добро познато, за утре е резервирано големото дерби на „Енфилд Роуд“ во кое силите ќе ги одмерат вечните и лути ривали.

Ливерпул ќе му биде домаќин на Манчестер Јунајтед на домашен терен, натпревар кој традиционално има посебно значење и носи голема мотивација кај актерите на двата клуба. Интересно, Јунајтед е единствениот тим кој оваа сезона успеа да му „откине“ бодови на актуелниот лидер на табелата, а во својата најава за утрешното дерби, Мо Салах даде една интересна изјава со комичен тон.

Египќанецот поради повреде не настапи на дуелот на „Олд Трафорд“ кој заврши 1:1, а како што вели тој, Ливерпул ги загубил споменатите два бода поради тоа што он не бил во составот.

– Причината е поради тоа што јас бев повреден, – со насмевка на лицето порача Салах, кој во продолжение нагласи дека Јунајтед одиграл многу дисциплинирано на споменатиот меч.

– Мислам дека одиграа многу добро против нас. Имавме шанси да го добиеме мечот, но тоа може да се случи, може да има меч кој ќе заврши нерешено. Сега е време да се фокусираме на следниот меч и да ги победиме, – изјави Салах.

Инаку, ремито со Јунајтед е единствениот меч на кој Ливерпул не го освои цел плен оваа сезона, па поради тоа во вториот меч со „ѓаволите“ влегува со биланс од освоени 61 од максимални 63 бода.

Facebook Коментари