Англија
Салах ја прекина еуфоријата во Ливерпул: Најверојатно го одиграв последниот натпревар против Сити
Мо Салах во период од седум дена испорача две изјави за својата иднина во Ливерпул, но оваа која ја даде по дербито со Манчестер Сити на некој начин и ја намали еуфоријата која владее на „Енфилд Роуд“.
Ако пред една недела не беше сфатен премногу сериозно по победата над Саутемптон, Салах денеска излезе со нова изјава за својата иднина, потенцирајќи дека најверојатно го одиграл последното дерби против Манчестер Сити на домашен терен.
Салах е во последните месеци од договорот и засега не добива нова понуда од клубот, па ако не дојде до некоја драматична промена, Мо најверојатно ќе си замине како слободен агент по крајот на сезоната.
– Целиот натпревар го играв со една помисла во главата. До самиот крај на мечот мислев дека ова најверојатно е мојот последен натпревар против Сити на домашен терен. Решив да уживам во секоја секунда и во секој момент.
– Атмосферата беше неверојатна, „Енфилд“ е нешто посебно и ќе уживам во секоја секунда до крајот. Ќе видиме дали тоа ќе биде со освоена титула, има уште многу за игра и ќе видиме што ќе се случи, – изјавил Салах за „Скај Спортс“.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства5 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства17 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација21 час
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства19 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства7 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација19 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор