Поврзете се со нас

Англија

Салах изби на првото место на една уникатна листа: Мо ги остави Руни и Анри зад себе со новиот рекорд (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Мохамед Салах веќе некое време се обидува да издејствува нов договор од Ливерпул, но додека челниците на клубот се уште молчат на оваа тема, Египќанецот продолжува да биде клучен фактор и оваа натпреварувачка сезона на теренот.

Салах ја продолжи својата импресивна форма и на вчерашниот фудбалски спектакл на „Ст. Џејмс парк“ кој заврши со резултат 3:3, дуел кој му овозможи на напаѓачот да оствари еден импресивен премиерлигашки рекорд.

Мо вчера учествуваше во трите гола на Ливерпул бидејќи постигна еден и асистираше за два, а тоа му донесе да избие на првото место на една уникатна вечна листа.

Салах стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој на 37 натпревари запишал барем по еден гол и асистенција, учинок кој го прави единствен во оваа статистика.

Досега, Салах беше израмнет на првото место со легендарниот Вејн Руни (36), додека на третото место е Тјери Анри со 32 натпревари на кои придодал гол и асистенција.

Видеото од головите на натпреварот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни