Поврзете се со нас

Англија

Салах испрати одговор со еден збор откако беше запрашан дали ќе игра против Реал во финалето во Париз (Фото)

Објавено

на

Мохамед Салах ги исплаши фановите на Ливерпул откако седна на земја во ситуација кога ниту еден противнички играч не беше блиску до него, што често знае да значи повреда од посериозен карактер.

Повредите без контакт се оние кои најмногу ги загрижуваат фудбалските стручњаци, но во случајот на Салах, станува збор за мускулна повреда која го принуди да го напушти теренот по само 30 минути игра.

Египќанецот му го отстапи своето место на Жота и заработи повреда во најлошо можно време, бидејќи до финалето во Лигата на шампионите има само 14 дена.

Позитивни слика за фановите на Ливерпул беа оние во кои се гледаше дека Салах со насмевка и без посериозни физички потешкотии ја слави титулата во ФА Купот, а имал подготвено и едноставен одговор откако еден новинар го запрашал дали ќе стигне да се опорави и да игра во финалето против Реал на 28-ми мај.

– Секако, – одговорил Салах, по што со поопширни изјави на пресот се јавил и Јирген Клоп.

– Повредата на Салах изгледа полоша од онаа на Ван Дајк, но и двајцата се добро. Сметам дека и двајцата се добро, не е нешто големо. Нема да бидат подготвени за вторник против Саутемптон, но и двајцата се во ред. Ги извадивме повеќе поради претпазливост за тоа што следи, имаме голем тим и веруваме во сите играчи, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни