Поврзете се со нас

Свет

Салах доби лекција од африканскиот судија, па заработи повреда и го напушти теренот (Видео)

Објавено

на

Египет се спасуваше од пораз на првиот натпревар против Мозамбик на африканскиот Куп на нации, но „фараоните“ избегнуваа неуспех и на денешниот натпревар против Гана кој беше дерби во оваа група.

Гана на двапати водеше и имаше предност од 0:1 и 1:2, но Египет се врати во двата наврати и на крајот успеа да се избори за бод и да остане во игра за следната фаза.

Мармуш и Мохамед беа стрелци на погодоците за Египет, а фановите на оваа земја и селекторот ќе стравуваат за здравствената состојба на најголемата ѕвезда.

Мо Салах доби лекција од главниот судија Ачо на средина на првото полувреме, за потоа да заработи повреда на задната ложа и да побара измена.

Ѕвездата на Ливерпул со огромно разочарување се упати кон клупата, па сега сите се надеваат дека повредата не е сериозна и дека ќе може да и помогне на селекцијата до крајот на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни