Англија
Салах делеше асистенции, Ливерпул со пресврт до трите бода против „волците“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул ја продолжија серијата на добри резултати во Премиер лигата каде попладнево го решија составот на Вулверхемптон со 3-1.
Ова за „црвените“ беше четврти триумф во низа, а до истиот дојдоа со пресврт во второто полувреме. „Волците“ имаа добар старт кој го крунисаа со голот на Хванг во 7 минута.
Немаше други промени до крајот на првиот дел, па на паузата Клоп се реши да направи една промена и го внесе Дијаз на местото на МекАлистер. „Црвените“ се размрдаа и во 55 минута дојдоа до 1-1 преку Гакпо, момент кој им донесе дополнителна енергија, самодоверба во продолжението.
Овој резултат беше активен до самиот финиш кога Робертсон и Буено (автогол) погодија за фаворитот за нови три бода.
Со 13 поени четата на Клоп е на првото место на табелата.
-
Англијапред 24 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)