Поврзете се со нас

НБА

Сакраменто ги изненади Лејкерс, Дончиќ не можеше сам против Њујорк

Објавено

на

Дабл-дабл учинокот на Лука Дончиќ не беше доволен за Далас да биде конкурентен на гостувањето кај Њујорк (108:85), додека Сакраменто успеа да стигне до важна победа на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс (125:116).

За Сакраменто ова е 17. победа во актуелната сезона, а ја оствари благодарение на Фокс и Барнс кои го завршија натпреварот со 29, односно 23 поени. Леброн Џејмс бил најефикасен на натпреварот со 34 поени.

Лука Дончиќ забележа 21 поен и 11 скокови, но немаше поддршка од соиграчите на гостувањето против Никс.

Њујорк доминирал во текот на целата средба, а Барет бил најефикасен со 32 поени, додека зад него останал Робинсон со 19 поени.

Бруклин одигра одлично на гостувањето во Чикаго, победувајќи ги Булс со 112:138, а реализаторски лидери на Нетс биле Дурент со 27 и Харден со 25 поени.

Индијана – Бостон 100:119
Филаделфија – Шарлот 98:109
Вашингтон – Орландо 112:106
Атланта – Мајами 91:115
Њујорк – Далас 108:85
Сан Антонио – Хјустон 124:128
Јута – Кливленд 91:111
Чикаго – Бруклин 112:138
Сакраменто – Л.А Лејкерс 125:116

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни