Италија
Саки застана во одбрана на Консеисао и посочи каде треба да се бара главната вина за очајната сезона

Ариго Саки ја користи секоја прилика за јавно излагање да даде коментар за последните случувња во Милан, тим кој повторно минува низ турбулентен период после елиминацијата во Лигата на шампиони, но и болниот пораз во Торино.
„Росонерите“ се ставија во ситуација да останат во игра само за трофејот во Купот до крајот на сезоната, но далеку позагрижувачки е тоа што имаат осум бода помалку од четвртото место, последното кое гарантира настап во најелитното европско натпреварување и наредната сезона.
Главна цел на Милан е да се најде во Лигата на шампиони, а доколку не се оствари тоа, клубот има ексклузивно право да му врачи отказ на Сержо Консеисао.
– Во овој Милан може да се случи се, да гледаме добар, но и лош тим. Против Торино не видов тим на теренот, па ако бев на местоот на Болоња, едвај ќе го чекав натпреварот со нив, – вели Ариго Саки, кој потенцира дека главната вина за состојбата во Милан треба да се бара кај менаџментот.
– Во фудбалот за да бидете успешни, мора зад себе да имате солиден, спосоебен и активен менаџмент. Консеисао не го има тоа во Милан во овој момент. Фактот што купија околу 20 фудбалери во последните неколку преодни рока исто така звучи лошо за мене. Треба да имате јасни идеи и да се водите по нив. Ако купувате фудбалери само поради нивните имиња, тогаш има малку надеж за вас, – потенцира Саки.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично